ЗОШТО СИТЕ НА СЛИКАТА СЕ СМЕАТ?
Објавено на: 25.12.2023
И вие би се смееле, во двата случаја – и кога би биле Хари Кејн, но и кога би биле сопственик на хотелот каде престојуваше англиската фудбалска ѕвезда. Еве и зошто е тоа така…
Хари Кејн се збогува со персоналот на хотелот каде го помина периодот од неговото доаѓање од Англија во септември, па се до „полусезоната“. 🏨👋

Цената на еден ден поминат во овој луксузен хотел, за собата на Хари Кејн, изнесуваше 10.000 евра. Да, точно така, цели 10К евра на ден. За сите поминати денови, цехот е 1.2 милиони евра.

На Кејн му здодеа седењето во хотел без неговото семејство, а сигинро сопственикот на хотелот се надева дека во новата куќа на Хари Кејн, ќе „пукне цевка“ барем еднаш во зимскиот период…