Фудбал

ФАЛЕШЕ СЕКУНДА, МЕЛО ДА ГО „СРЕДИ“ ГРИЛИШ

Еден од фудбалерите на поразената екипа во финалето на клупското фудбалско првенство, предизвика мешаница на крајот на победата на Сити, обвинувајќи го Грилиш за неговите постапки.

Мело тврди дека го слушнал скандирањето на Грилиш „Оле“, за време на победата на Сити од 4:0. Еве ги неговите зборови:

Видов како идиоти на социјалните мрежи велат дека сум направил хаос. Јас знам да губам. Кога губиш, време е да молчиш. Бев многу вознемирен бидејќи многу сонував за ова натпреварување, но истовремено сум и многу горд. Во моментов, Флуминенсе е вториот најголем тим во светот и прв во Јужна Америка. Загубивме, но стигнавме овде. Го освоивме Либертадорес. До следната сезона ќе продолжиме да бидеме шампион на Либертадорес.

Никој, дури и играчите на Манчестер Сити не смеат да имаат недостаток на почит кон нас. Мене лично, не ми недостасува почит кон никого. Затоа очекувам да бидам почитуван. А тој (Грилиш) едноставно не почитуваше. Тој е некој кој ја загуби мојата почит. Кога заврши натпреварот, Грилиш тргна по Мартинели. Избра момче. Нема „топки“ за да се соочи со „голем“ човек. Грилиш поминуваше блиску до Мартинели и ги видов како разговараат, чело до чело, па јас отидов по него. Јас го турнав. Вокер ме турна мене. Отидов да бранам соиграч.

Да се вклештеа, кој ќе го извлечеше подебелиот крај?