ГВАРДИОЛА ГО ПОМЕША ПАНЧЕВ СО ПАНДЕВ (ВИДЕО)
Објавено на: 13.12.2023
Пеп Гвардиола очигледно е голем фудбалски носталгичар и добро ја памети шампионската генерација на Црвена Звезда, во која еден од предводниците беше нашата фудбалска легенда, Дарко Панчев.
На прес конференција во текот на вчерашниот ден, за натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се наврати на неговите сеќавања од младоста, кога белградскиот фудбалски клуб беше еден од најдобрите тимови на стариот континент.
Но Шпанецот направи мал гаф, па наместо Панчев, го спомена Пандев, веројатно се уште под импресии од Горан кој со Интер му одзема речиси сигурна титула кога ја предводеше Барселона.
View this post on Instagram
Тој изјави:
Среќни сме што сме тука, веќе сме квалификувани, а игравме против историски клуб кој ја освои Лигата на шампионите во минатото со неверојатна генерација на играчи. Сс сеќавам бев дете и говорев колку се добри Просинечки, Михајловиќ, Пандев… Неверојатни, неверојатнти играчи.