Фудбал

НА ШТО СПАДНА ГИГАНТОТ ОД МАНЧЕСТЕР – ИГРАЧИ МУ КУПУВААТ ФРАНКФУРТ И ЏИРОНА

Ајнтрахт Франкфурт води во трката за потпис на Дони ван де Беек на позајмица од Манчестер Јунајтед. Разговорите напредуваат. Се споменува и можен откуп на играчот.

Шпанска Џирона исто така го побара Дони на позајмица, но нуди различни услови во оваа фаза. Наскоро ќе дојде времето за одлука дали Дони ќе го напушти Јунајтед.

Каде ли ќе ја продолжи кариерата, „звучното“ засилување кое играше кај Тен Хаг во Ајакс, па дојде во времето на Солскјер да го крене составот од Олд Трафорд на повисоко ниво?