Фудбал

ОВА Е НАШАТА ПОБЕДА!

Дебитантот Македонија ги загуби двата меча, во првите две кола на 16-то европско фудбалско првенство. Поразени, но не и надиграни! Тоа е општиот впечаток за нашата селекција, по поразите од Украина 2:1 и од Австрија со 3:1.

Со Украинците париравме по едно полувреме, Димитриевски одбрани и пенал кон крајот, со Австријците примивме два гола во финишот. Данокот на неискуството, е платен. Македонските фудбалери веќе сторија големо дело, со пласманот на континенталниот собир.

Македонија има шанса да биде трета, па и втора, во зависност од другите резултати во нашата група. Австријците ни се клучот, треба да победат се до крајот. Што и да се случи, едно е јасно – нашата победа на ова ЕП, е на трибините и во срцата на сите Македонци.

Копнежот за пласман на една наша селекција на ЕП се оствари, Фалангата ја испрати Македонија од Букурешт за Амстердам, покажавме единство и карактер, на ред се генерациите што следуваат – имате пример на кој треба да се угледате!