ТРГАЈ „ЦВИКЕРИТЕ“, КАМАВИНГА, РЕЧЕ АДИДАС
Објавено на: 01.12.2023
Фубалерот на Реал Мадрид беше принуден да ја избрише виралната слика од сите играчи кои ги носеа неговите очила за сонце поради „војната“ меѓу Најки и Адидас.

Очилата на Камавинга се од Најки со кои се поврзува францускиот интернационалец. Сепак, бројни играчи на Реал Мадрид се спонзорирани од Адидас. Камавинга мораше да го избрише постот бидејќи соблекувалната на Реал Мадрид е целата брендирана со Адидас.

Кралскиот клуб добива околу 120 милиони евра по сезона од нивниот главен спонзор. Како што велат договорите, играчите не смеат да промовираат ривалски брендови во соблекувалната.