АНЧЕЛОТИ БИЛ ЏЕЈМС БОНД
Објавено на: 01.12.2023
Приказните за институцијата Милан ќе кружат уште долго, долго низ фудбалските кулоари. Една таква доаѓа од бразилскиот напаѓач кој не успеа да го материјализира вистинскиот потенцијал, поради повреди.
Ова се зборовите на Александре Пато, за тренерот Карло Анчелоти:
Анчелоти ми стана како татко. Тој дури и го крсти своето куче Пато. Ја видовте неговата слика на парадата на автобусот во Мадрид, со очилата за сонце и пурата?
Во Милано тој ќе се појавеше на тренинг во хеликоптер. Живеше во Парма, а неговата сопруга поседуваше дозвола за летање. Тој излегуваше од хеликоптерот како Џејмс Бонд. Ако некој живеше со стил, тоа е Карло.
Еве мало потсетување на можностите на Александре Пато:
Нема друга таква институција, како Милан, ниту ќе има – во двете децении под раководство на Силвио Берлускони, росонерите беа креатори на најперверзните порази (2005) и на најспектакуларните победи (1994).
