Фудбал

ОНАНА ПОВТОРНО СЕ ИЗБЛАМИРА (ВИДЕО)

Андре Онана прими два гола од слободен удар вечерва во Истанбул против Галатасарај, а особено вреди да се спомене вториот кој ќе го има на сите клипови каде ќе се набројуваат киксовите на Камерунецот во дресот на црвените ѓаволи.

Врнежливото време можеби му одмогна, а откако Зијеш нафрли, Камерунецот несмасно реагираше и место да ја избие топката, си ја внесе во својот гол.