Фудбал

ИМЕНУВАЈТЕ ГИ ДВЕТЕ ЛЕГЕНДИ НА СЛИКАТА, АКО ЗНАЕТЕ

Фудбалот во 90-тите беше нешто посебно. Тогаш, оваа прекрасна игра ја доживеа ренесансата, која денес се уште трае и цвета во невидени размери. Модернизацијата на фудбалот се уште не е завршена, се уште овој најмасовен и најпопуларен спорт не го добил вистинскиот изглед кој му се предвидува.

Романтичарите се сеќаваат на легендите од минатото. Кои се двајцава на фотографијата? Дали се можеби Иван Заморано и Фаустино Асприља? Беше чест да се гледа како прават лом по зелениот терен, секогаш кога ќе истрчаат на тревата…