Фудбал

АКО Е ОВА ПЕНАЛ, ПОДОБРО ДА ГЛЕДАМЕ „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“

Судијата Тирни досуди удар од белата точка, на мечот меѓу Јунајтед и Сити, во дербито на Манчестер, во лигата која преферира физикалии и дуел игра, на Островот каде фудбалските фанови за себе велат дека се мажишта.

Ова беше окарактеризирано како пенал, по интервенција од ВАР собата:

Потоа, на Ерлинг Халанд не му беше тешко да го реализира пеналот. Но, зачудува што робусниот Норвежанец славеше како да постигнал еврогол со потег од некоја друга планета:

Имаме неколку прашања на оваа тема:

1. Колку силно влечеше Хојлунд?
2. Дали играчот на Сити со федери ќе ја стигнеше топката која одеше преку кровот на Олд Трафорд?
3. Ако за овој фаул се суди пенал, дали се вулгаризира поимот „физички контакт“ во фудбалот?

Пеналот оди на душа на Мајкл Оливер, кој е ВАР судија во собата на „Театарот на сништата“, стадион што вечерва е сцена на судиска гротеска. Ова не се прегледуваше:

Зошто, и ситуацијата на линкот подолу, не беше воопшто ни прегледана за потенцијален пенал? Фаулиран е Хојлунд, во третиот дрес на Јунајтед, на гости кај Арсенал: