Останато

НГАНУ Е ОГРАБЕН, ИЛИ КАЗНЕТ ЗА НЕФЕР ОДНОСОТ?

Боречките вештини стануваат циркус за пари, па единствените две работи кои ни остануваат, се – да не ги гледаме воопшто, или да ги прифатиме онакви какви што се.

Вака се поделени мислењата и на големите спортисти, а она што го видовме на мечот меѓу светскиот првак во тешка категорија, Тајсон Фјури и предизвикувачот и поранешен УФЦ шампион, Франсис Нгану, е следното:

Нгану успеа да го кутне Фјути и потоа се однесуваше како во кафезот на УФЦ, каде не се натпреваруваат спортисти, туку улични борци, каде се исмешани сите можни боречки дисциплини и каде се чека крв, за да стане публиката на нозе.

Боксот е познат како благородна вештина, а тука, Нгану чесно на бодови – изгуби… или не?