Фудбал

ЛОБОТ НА КЕЈН ОД ПОЛОВИНА ТЕРЕН

Англиските репрезентативци се во елемент, постигнуваат многу голови, вонсериски голови и ги носат своите нови екипи на грбот, кон успехот.

Зборуваме за Џуд Белингем кој постигна прекрасен погодок против Барселона и за Хари Кејн, кој постигна резултатски не толку значаен, но мајсторски гол:

Баерн Минхен славеше со 8:0 против Дармштад, сите голови беа постигнати од 51-та до 88-та минута, а англискиот напаѓач резлизира три.

Кејн има 14 гола и 7 асистенции на 13 меча, Белингем има 10 гола на 10 натпревари во Ла Лига (13 меча, 13 гола, 3 асистенции вкупно) со две асистенции зад неговото име.