МУРИЊО (СЕ УШТЕ) Е НАВИСТИНА СПЕЦИЈАЛЕН
Објавено на: 22.10.2023
Португалскиот стратег одговори на омаловажувањето од страна на аргентинскиот фудбалер Гомез, кој алудираше на фактот дека не знаел многу за Мурињо, освен тоа што ја освоил Лига Европа против него, со Севиља.

На пресот по натпреварот на Рома која ја победи Монца со 1:0, Мурињо конкретно одговори на прашањето во врска со забраната за играње, поради допинг пронајден во телото на Гомез:
Гомез не играше во финалето на Лига Европа. Мислам дека играше против Јувентус пред да биде позитивен на антидопинг тестот. Но, не би сакал да го земам истиот сируп за кашлица како него, инаку би можел да западнам во неволја.
Мурињо е величина, нели?