НЕ СЕ СИТЕ РОДЕНИ ЗА АРАПИ, РОДРИ НЕ САКА ВО САУДИСКА
Објавено на: 18.10.2023
Саудиските клубови ги испразнија европските, купувајќи дел од ветеранските ѕвезди и дел од квалитетните недоволно искористени фудбалери на Стариот континент.

Но, има и такви кои не сакаат да одат на источен гурбет, барем не додека се во зенитот на кариерата. Ова се зборовите на фудбалерот на Манчестер Сити, Родри:
Мојата иднина? Многу сум среќен во Сити. Слушнав за Саудиска, но би било многу комплицирано да се приклучам на проект како Саудиска за мене. Мојот приоритет во фудбалот е амбицијата – спортска, индивидуална, колективна амбиција. Во моментов, во мојот концепт за фудбалот, Арабија едноставно ја нема. – изјави тој за COPE.
Правилно размислува, или сака да ќари уште некој денар плус за евентуален трансфер?