Фудбал

ПА ШТО МИСЛАТ ГЛЕЈЗЕРС, КОЛКУ ИМ ВРЕДИ (ОВОЈ) ЈУНАЈТЕД?

Шеикот Јасим се повлече од трката за купување на славната англиска екипа, затоа што газдите го одбија и последниот негов предлог. Тој се уште верува дека би бил сопственик од соништата на тимот од Олд Трафорд.

Еве зошто:

Шеикот понудил целосно готовинска понуда, расчистување на сите стари долгови, со нула нов долг, за 100% од клубот. Тој е единствениот понудувач кој се понудил да купи 100% од Манчестер Јунајтед.

Инвестицискиот пакет што е предложен, беше со вредност повеќе од 8 милијарди долари. Кoлку ли вреди Јунајтед, ако оваа понуда е одбиена?