Фудбал

САМО ВИСТИНСКАТА КЛАСА Е ВЕЧНА

Кристијано Роналдо има 73 гола за својата репрезентација, откако наполни 30 години. Тоа е најмногу во историјата на фудбалот. Со 125 гола на 202 настапа, тој е рекордер во историјата на репрезентативниот фудбал.

Воедно, тие 73 гола се повеќе од најдобрите стрелци во историјата на Германија, Франција, Италија, Англија, Шпанија, Холандија, Шведска, Хрватска, Уругвај, Данска, Колумбија, Чиле, Мексико, САД, Египет, Гана и уште 176 други земји на светот.

Со двата гола против Словачка во победата 3:2, Роналдо и Португалија букираа место на следното ЕП кое наредната година ќе се одигра во Германија. Именувајте позначаен фудбалер во модерната фудбалска ера, од Кристијано Роналдо…