МИ СЕ ИГРА – ДВA ГОЛЕМИ МЕЧА ЗА АНГЛИЈА, ПА ПОТОА ЌЕ РЕШАВАМЕ СО ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 12.10.2023
Човекот верува дека се уште е врвен играч и сака да биде на тревата, сака да се надигрува со најдобрите на денешницата, во најдобрата национална лига.
Ова се зборовите на Хари Мегваер:
Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно. Ако продолжи вака, сигурен сум дека и самиот и клубот ќе седнеме и ќе разговараме за работите. Но, во моментов сум фокусиран на два големи натпревара за Англија. Потоа ќе се борам да се обидам да го вратам моето место во Манчестер Јунајтед и да му помогнам на тимот да се искачи во лигата таму каде што треба да бидеме.
Верувам во мојата способност и во она што сум го направил во кариерата. Секој играч кој е на клупата треба да верува дека треба да започне еден меч, во спротивно нема да игра на високо ниво. Беше тешко, сакам да играм натпревари, сакам да се чувствувам важен за клубот и за остатокот од тимот. Морам само да бидам сигурен дека сум подготвен да ги искористам можностите кога ќе се појават.
Ќе се врати ли Хари Мегвајер во стартниот состав на Јунајтед?
