ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРАНАТА НА МИЛАН И ИНТЕР, ЌЕ ЛЕТААТ ТУЖБИ ЗА ВЛАСТИТЕ
Објавено на: 11.10.2023
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала изјавил дека е подготвен да преземе правни мерки против дел од припадниците на властите во Италија, кои ја забранија работата за реструктуирање на Сан Сиро, со зборовите:
Тоа е апсурдно и финансиски штетно за градот.
Таквиот став на државните власти ги направи плановите на Милан и Интер за рушење или реструктуирање на Сан Сиро практично невозможни, па двата клуба продолжуваат со плановите за изградба на сопствени стадиони во области надвор од градот.

Градоначалникот на Милано, го објави следното:
Се стремиме кон поднесување жалба против пресудата од Министерот за култура, кој тврди дека стадионот има значителен културен интерес вреден за зачувување, на второто ниво каде беше планирано да се руши. Нашите адвокати работат на тоа.
Ќе успее ли првиот човек на Милано, или сето ова е само приказна за медиумите?