ФУДБАЛОТ Е ПОВЕЌЕ ОД СЕ, ТОА ФЕРГУСОН ДОБРО ГО ЗНАЕ(ШЕ)
Објавено на: 11.10.2023
Патрис Евра се сеќава на тимскиот разговор на Сер Алекс Фергусон, неговиот говор во соблекувалната пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите, во 2008 година-та:
Веќе победив. Не ни треба да го играме оваој меч. Погледнете го Патрис, тој има 24 браќа и сестри. Замислете што мораше да направи мајка му за да стави храна на масата! Погледнете го Вејн. Тој порасна во еден од најтешките делови на Ливерпул. Погледнете го Џи, тој дојде од Јужна Кореја.
Ние не бевме само фудбалски тим – ние бевме луѓе од секој агол на светот, од сите видови култури и раси и религии. И сега бевме таму, заедно во соблекувалната во Москва, се боревме за заедничка кауза. Преку фудбалот станавме браќа, се сеќава Евра.
ОВА е мојата победа. – рече Фергусон.
Потоа излеговме и ја освоивме Лигата на шампионите. Тоа (беш)е Манчестер Јунајтед. Затоа ја сакам оваа игра, завршува Евра.