Фудбал

ЗИДАН ОТКРИ ЗА НЕГОВИОТ АКТУЕЛЕН И СЛЕДЕН АНГАЖМАН

Францускиот стратег беше еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле на зелениот терен, предводник на неговата генерација, револуционер во модернизирањето на фудбалот на преминот меѓу 20-тиот и 21-от век.

Зинедин Зидан, кратко прокоментира за моменталниот ангажман што го има и за неговата следна работа:

Нема вести, ништо во моментов. Уживам со семејството, а потоа ќе видиме што ќе се случи во иднина. Секогаш етерот ќе биде полн со гласини, се додека сум менаџер, да оставиме и да видиме што ќе се случи… – се зборовите на Зизу, за медиумот Скај.

Каде би сакале да го видите, на која клупа, фудбалскиот виртуоз?