Фудбал

ФИНАЛИСТОТ НА ПОСЛЕДНОТО НЕ САКА АВТОМАТСКА КВАЛИФИКАЦИЈА НА СЛЕДНОТО ЕП

Англија не сака автоматски квалификации за ЕУРО 2028. Англичаните сакаат да го поминат формалниот квалификациски процес, за подобро да се подготват за турнирот.

Европското фудбалско првенство на УЕФА 2028, вообичаено наречено УЕФА Еуро 2028 или едноставно Еуро 2028, ќе биде 18-то Европско првенство на европската куќа на фудбалот, кое е четиригодишно меѓународно фудбалско првенство.

Обединетото Кралство и Република Ирска ќе бидат домаќини на турнирот, кој треба да се одржи меѓу јуни и јули 2028-та година. На Милениумскиот стадион во Кардиф ќе се одигра воведниот натпревар, а полуфиналето и финалето на Вембли.

Дали ставот на англиската репрезентација треба да го прифатат УЕФА и останатите земји, кои се планирани или ќе бидат назначени за домаќини на континенталното натпреварување?