МБАПЕ ПОТРОШИ ПОЛОВИНА КАРИЕРА ВО ЛИГА НА ФАРМЕРИ?
Објавено на: 05.10.2023
Францускиот репрезентативец не успеа сам да го освои светското првенство кое му беше „украдено“ од Аргентинците, а не успева да се наметне ниту со ПСЖ, клуб кој едноставно нема аура за титула во ЛШ.
Килијан Мбапе има 24 години, во декември ќе наполни 25. Цел фудбалски живот игра во француското првенство, кое е оценето како прелесна лига за состав и организација, каква што има ПСЖ.
По поразот на катарската инвестиција од Њукасл, воден од саудиски газди, уште еднаш исплива прашањето во етерот: Дали треба(ше) Мбапе да замине порано од француската престолнина?