РЕАЛ КУПИ БОФОЛ ТУРСКА РОБА?
Објавено на: 26.09.2023
Мадриѓаните немаат среќа кога станува збор за засилувањата, ако се земе в предвид колку пари потрошија само последната деценија, со резултатскиот ефект кој го имаат од купените фудбалери во истиот тој период.

Да, Кралскиот клуб освои вкупно пет и три последователни титули во Лигата на шампионите (2014/16/17/18/22) во споменатиот период, но колку во тоа придонесоа новите имиња? Класични примери се Јовиќ, Азар и сличните, односно сега Арда Ѓулер кој повторно се повреди и ќе паузира во следните три недели, поради проблеми со мускул.

Ова му е втора повреда откако во летниот преоден рок дојде како големо засилување. Секоја чест за неговите фудбалски квалитети, има време да се покаже и развие, пред него е иднината, но стартот на кралската кариера не ветува баш?