Фудбал

ЏЕЈМИ ВАРДИ Е ЛЕГЕНДА КАКВА ШТО НЕМА НА ДРУГО МЕСТО

Екипата на Лестер победи со 1:0 со голот на најдобриот играч, од пенал во 67-та минута, со голот на човекот кој реши да му остане верен на тимот што му ги овозможи најубавите моменти во кариерата, иако минатата сезона испадна во пониската лига Чемпионшип:

Џејми Варди има 36 години, игра во Лестер од 2012-та, има одиграно 337 натпревари и постигнато 157 гола. По овој, истрча цел терен да им се изнасмее во лице на противничките 3.300 навивачи и да им покаже дека им ја „откинал главата“ со еден потег. ЛЕГЕНДА!!!