ЦРВЕН КАРТОН ИЛИ НЕ? ДОПОЛНИТЕЛНА САНКЦИЈА ИЛИ НЕ?
Објавено на: 23.09.2023
Екипата на актуелниот европски шампион, Манчестер Сити и со 10 играчи успеа да освои три бода против поранешниот европски шампион, Нотингем Форест.

Благодарение на двата гола во првите 14 минути кои ги постигнаа Фоден во 7-та и Халанд 7 минути подоцна, домаќинот имаше безбедна предност и покрај црвениот картон.
Родри за една непромислена акција беше директно исклучен, па прашањето е дали беше ова црвен картон и дали треба Премиерлигата дополнително да реагира?