КОЈ Е ЧОВЕКОВ, ЗНАЕ НЕКОЈ?
Објавено на: 18.09.2023
Премиерлигата раѓала чуда и ќе раѓа чуда, затоа што уште дoлги години ќе биде најквалиетното фудбалско натпреварување на светот. Едноставно, затоа што системот кој што е поставен, го дозволува тоа.

На 18-ти септември 2022-та година, Роберто Де Зерби стана тренер на Брајтон. Оттогаш, ова се бројките на овој англиски клуб:
◉ Најмногу голови во ПЛ од тинејџери откако тој се приклучи – 15!
◉ Успеа да убеди врвни играчи како Ансу Фати.
◉ 23 победи, 9 нерешени, 12 порази во 44 официјални натпревари.
◉ Лига Европа по прв пат во историјата на клубот.
◉ 62% просек на посед, доминантни игри.
◉ 8 победи во вкупно 15 натпревари против „големите шест“.
◉ Постигна повеќе од три гола на 18 натпревари.
Кој е човеков и од каде се појави?