Фудбал

ИБРАХИМОВИЌ ЗА УТЕХА ВО МИЛАНЕЛО (ВИДЕО)

Моралот во соблекувалната на Милан не е на највисоко ниво по поразот од градскиот ривал со 5:1, но Пиоли и играчите веднаш се вратија на работа бидејќи веќе утре им следува првиот натпревар од групната фаза против Њукасл.

Милан има тешка група во Лигата на шампионите, во која се најде заедно со ПСЖ, Дортмунд и Њукасл, а на помош утрово во тренинг кампот пристигна и нивната икона, Златан Ибрахимовиќ.

Според италијанските медиуми, Швеѓанецот пристигнал да изрази поддршка и да го крене моралот во екипата, по катастрофалниот пораз во саботата, а во пресрет на тешкиот распоред кои миланезите ќе го имаат во следниот период.

Дали ќе има истиот ефект, останува да видиме утре со почеток од 18:45ч на Сан Сиро, кога го пречекуваат тимот на нивниот екс-соиграч, Сандро Тонали.