СКРИЕНО ГИ ИЗРУГА ПОРАНЕШНИТЕ РАБОТОДАВЦИ И ИЗГОВОРИ ОГРОМНА НЕБУЛОЗА
Објавено на: 17.09.2023
Александар Митровиќ се пресели во Саудиска Арабија, по суспензијата што ја доби минатата сезона во англиското првенство, поради тоа што оттурна судија за време на еден натпревар. Пред тој непромислен потег, му се предвидуваше светла иднина, за него беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед.

Последната изјава на Митровиќ е во најмала рака контроверзна, а на моменти, кога ќе се прочита повеќе пати, звучи смешна:
Немам носталгија за Англија, играв многу години таму. Среќен сум што конечно пристигнав во врвен клуб.
Ал Хилал е малку како Реал Мадрид во Европа. Многу сум среќен овде и сакам да освојувам титули. – изјави Митровиќ за Gazzetta dello Sport.
Зошто нема носталгија кон Англија? Во што се слични Ал Хилал и Реал Мадрид?
