НЕКОГАШ ИКОНА НА ЈУВЕНТУС, СЕГА ВО ЛЕГАЛНА АКЦИЈА ПРОТИВ СТАРАТА ДАМА
Објавено на: 12.09.2023
Поранешниот капитен на екипата од Торино, клубот кој е најтрофеен, но воедно и најконтроверзен во Италија, ќе покрене правна постапка против организацијата во која ја доживеа својата вистинска промоција во врвниот фудбал.

Репрезентативецот на Италија кој беше клучен во освојувањето на последната титула европски шампион, сега играч на Унион Берлин, Леонардо Бонучи ќе тужи за следното, затоа што смета дека беше набркан од Јуве:
Недостаток на соодветни услови за тренирање на располагање, оштетување на имиџот и професионалната природа.
Сите евентуални финансиски добивки од овој случај, ќе бидат донирани од страна на Бонучи на добротворната организација Невроленд, поддржувајќи ги семејствата на децата хоспитализирани во Торино.