ЈЕНКИТЕ ДОАЃААТ НАЈСИЛНИ ВО ПАРИЗ
Објавено на: 11.09.2023
Ако сакаа повеќе, требаше да испратат подобри играчи. Ова беше славната констатација на коментаторот на РТС, Шаренац кој ги поздрави американските репрезентативци по победата на неговата репрезентација, тогаш СР Југославија во 1/4 финалето на СП 2002-та кога последен пат нашиот северен сосед освои злато.

Сега, Србите во Манила беа втори, а Германците го покорија светот. Американците беа поразени од Канаѓаните во мечот за бронзениот медал. Овој резултат допре до ѕвездите во НБА лигата.
Леброн Џејмс планира да му се посвети на тимот на САД следното лето заедно со Стеф Кари, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин.

Девин Букер од Феникс, Демијан Лилард од Портланд, ДеАрон Фокс од Сакраменто и Кајри Ирвинг од Далас, исто така имаат сериозен интерес да се посветат, велат извори од лигата.
Со сите овие играчи во ростерот, каков пласман на Американците прогнозирате на ЛОИ 2024-та во Париз?