Фудбал

ХЕР ФЛИК ЈА ПЛАТИ ЦЕНАТА

Селекторот на германската репрезентација доби отказ, по бламажата од Јапонија и поразот од 1:4 на домашен терен во пријателски натпревар. Ваков лош резултат, германските репрезентативци едноставно не паметат, барем не овие, а сигурно не оние повозрасните.

Ханси Флик беше отпуштен, тој веќе не е селектор на Германија. – одекна силно во германскиот етер.

Федерацијата со сите сили бара замена, а вршител на должноста ќе биде популарниот Руди Фелер. Германците се домаќини на следното европско првенство, 2024.

Кој е најсоодветен тренер, во моментов? Клоп е сон, Нагелсман е достапен, има уште по некој од неизвиканите стручњаци кој би можел да се нафати…