СЛУЧАЈ AНТОНИ – МАНЧЕСТЕР ПОД ПРИТИСОК, БРАЗИЛ ГО СУСПЕНДИРА
Објавено на: 05.09.2023
Манчестер Јунајтед е под голем притисок откако селекцијата на Бразил го суспендира играчот Антони, поради тврдењата за напад на неговата екс-партнерка.
Антони е обвинет од поранешната девојка за закани дека ќе ја убие, а крилниот напаѓач вели дека е „невин по сите обвинувања“.
Ова е официјалната изјава на бразилската федерација, за случајот Антони, кој е под истрагата:
Со цел да се заштити наводната жртва, играчот, бразилската репрезентација и ЦБФ, организацијата информира дека Антони е отстранет од бразилската репрезентација.
Праведна ли е реакцијата на бразилската куќа на фудбалот?
