Фудбал

НЕРЕС НЕ МУ СЕ ИСПЛАШИЛ НА ТЕН ХАГ, ПА СЕДЕЛ ДВА МЕЧА НА КЛУПАТА

Тренерите многу често знаат да се мешаат и во приватните животи, односно во имиџот на фудбалерите, освен тоа што им се диригенти на теренот.

Една таква случка му се има случено на Давид Нерес во времето (2017-2022) кога играше за Ајакс, а на клупата седеше актуелниот тренер на Манчестер Јунајтед:

Ерик тен Хег еднаш се пожали на мојата фризура. Му реков да се грижи за својата коса, а јас ќе се грижам за мојата. Ме стави на клупата за резерви на следните два натпревара.

Со право ли бил казнет Нерес, за косата или за начинот на кој реплицирал? Може ли, односно смее ли тренерот да се меша во имиџот на фудбалерите, или треба да бара перформанси на теренот?