Фудбал

ТРЕБАШЕ ДА СИ ОТИДАТ КЕЈН И ГОЛЕМИТЕ МЕНАЏЕРИ, ЗА ТОТЕНХЕМ ДА ЗАИГРА ФУДБАЛ?

Обично така бива, ако една организација не функционира – кога заминуваат големите имиња, останатите добиваат крилја. Таков е случајот и со Тотенхем.

Екипата сега предводена од Сон и Медисон игра како по ноти, диригирана од Анге Постекоглу:

На табелата, во моментов, Тотенхем се наоѓа на втората позиција со 10 бода од 4 кола во Премиерлигата, зад актуелниот шампион Манчестер Сити, пред другите фаворизирани тимови за битката за трофејот оваа година.

Дали е ова доказ дека не секогаш скапите фудбалери и тренери, носат хармонија во една екипа? Се сеќаваме ли на Лестер и титулата која и не беше така одамна?