НА МИТРОВИЌ МУ ЛЕЖИ ИСТОЧНИОТ ФУДБАЛ?
Објавено на: 01.09.2023
Српскиот интернационалец постигна нов гол во својот нов клуб (за 1:1), во мечот на Ал Хилал кај Ал Итихад за кој настапува Карим Бензема. И францускиот интернационалец постигна еден гол (за 2:1) во првото полувреме, кое заврши со резултат 3:1.
Домашните водат и најверојатно ќе ги освојат трите бода, иако ништо не се знае во една ваква „измешана“ лига, но сепак потегот на првите 45 минути е голот на Александар Митровиќ:
قوول التعادل للهلال من ميتروفيتش pic.twitter.com/Qvp0YFONPR
— تغطية مباريات الهلال 🎥🔥 (@mohd_media909) September 1, 2023
Само што пристигна во Ааудиска Арабија, веднаш се почувствува неговото присуство во новиот клуб и во новата лига. Дали избра добар клуб и добра лига за својата фудбалска кариера, напаѓачот кој е во зенитот (28) на фудбалските години?