ЌЕ СЕ РАДУВА ЛИ ТОНАЛИ АКО МУ ДАДЕ ГОЛ НА МИЛАН?
Објавено на: 31.08.2023
Професионалниот спорт е немилосрден, исто како и современиот живот кој не бира како ќе се одвива и како ќе ги испресече патеките на разните актери, туку едноставно тече и тече.
Сандро Тонали беше буквално набркан, односно ладнокрвно продаден од страна на Милан, откако претходно беше избркан спортскиот директор Паоло Малдини, за сега патиштата на овие два субјекта повторно да се вкрстат.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите, одлучи:
𝗚𝗥𝗢𝗨𝗣 𝗙:
🇫🇷 PSG
🇩🇪 Dortmund
🇮🇹 AC Milan
🏴 Newcastle
Дали Тонали ќе сака да му покаже на ова раководство на Милан што испушти, односно дали ќе се радува ско постигне гол? Како ќе биде пречекан на Сан Сиро, во дресот на Њукасл?