НА РОНАЛДО ГОЛОВИТЕ НЕ МУ СЕ НАЈВАЖНИ?
Објавено на: 30.08.2023
Додека играше во Европа, често беше обвинуван дека ги става своите интереси, над оние на групата во која настапува. Така беше во сите екипи, од кои во Реал и Јунајтед стана божество кое се уште го величаат навивачите.
Кристијано Роналдо имаше прилика да го постигне својот втор последователен хет-трик сезонава во лигата на Саудиска Арабија, односно да го постигне голот број 850 во својата пребогата кариера. Но, наместо тоа, тој се реши за џентлменски потег.
Португалскиот напаѓач му ја предаде топката на соиграчот Абдулрахман Гареб, да го изведе пеналот и да го постигне својот прв гол во актуелното првенство. Тимски играч или обид за реклама?