НЕВИЛ ГО ПРОЗВА ГВАРДИОЛА: СЕР АЛЕКС НИКОГАШ НЕ БИ ГО НАПРАВИЛ ТОА
Објавено на: 12.08.2023
Тренерот на шампионот на Англија вербално му се наврте на најдобриот играч во неговиот тим, шрафот кој му недостасуваше за освојување на Лигата на шампионите и одбрана на трофејот на Островот, човекот кој откако е дел од Сити, синиот клуб од Манчестер стана и континентална машинерија.
Коментаторот на Скај, Гери Невил рече:
Ќе има некои луѓе на кои ќе им се допадне интензитетот на тоа и ќе кажат дека затоа тој е најдобриот менаџер на планетата. Потоа ќе има други што ќе кажат дека не треба да го правите тоа на јавен форум, фаќајќи го за рака пред камерите.
Играв за еден од најинтензивните менаџери во историјата на играта, кој се вика Сер Алекс Фергусон и тој никогаш не би го направил тоа на теренот на таков начин.
Во меч кој беше „небитен“, прво коло од новата сезона, дуел кој не може да се спореди со „битните“ мечеви, големиот Гвардиола многу јавно го критикуваше Ерлинг Халанд на полувремето, викајќи по играчот и протестирајќи на неговите потези од првото полувреме, додека одеа кон тунелот.

Мачнестер Сити победи кај Барнли со 0:3, два гола во првото полувреме постигна Ерлинг Халанд, во второт го „снема“ на теренот.
