Кошарка

СТИГНА СТАТИСТИЧКИОТ ДЕМАНТ – ЛЕБРОН Е ПОГОЛЕМ ПОБЕДНИК ОД МАЈКЛ?

Пред неколку дена, се појави информацијата дека Стеф Кари е единствениот играч кој учествувал на последните НБА натпревари, вкупно 27, кои имале преку 14 милиони гледачи.

Во моментот кога помисливме дека тој е причината поради која публиката ја сака оваа прекрасна игра, се појави еден фрапантен податок, кој ја дава следната илустрација преку бројки:

Леброн победил на –

– 983 мечеви без Ентони Дејвис
– 935 мечеви без Кајри Ирвинг
– 887 мечеви без Кевин Лав
– 849 мечеви без Крис Бош
– 848 мечеви без Двејн Вејд

Мајкл Џордан победил на –

– 194 мечеви без Скоти Пипен

Познато е дека Леброн сака и да додава, освен што поентира и ако беше играч концентиран само и индивидуално на противничкиот кош, досега ќе имаше 50.000+ поени зад своето име во 20+ годишната кариера.

Познато е дека Скоти Пипен, поради премалиот договор со франшизата од Чикаго, реши да отседи половина сезона во која се виде дека Булс без него не знаат да победуваат и кога имаа најсилен состав.