ЧЕЛСИ Е ПОАТРАКТИВНА ДЕСТИНАЦИЈА ОД ЛИВЕРПУЛ
Објавено на: 11.08.2023
Играчите бираат клубови според условите кои им ги нудат, но и според вкусот и традицијата на истите. Во овој случај, лондонските сини се попривлечни од црвените од Енфилд.
Фудбалерот на Брајтон и Хов Албион и репрезентацијата на Еквадор, Моисес Каиседо ги информирал претставниците на Ливерпул дека решил да премине во редовите на Челси и тоа е неговата финална одлука.

Каиседо решил да го одржи својот збор даден во мај, на делегацијата на Челси. Сега, останува двата клуба да решат за обесштетувањето кое ќе оди на сметка на сегашниот клуб на Моисес. Цената му е 110 милиони фунти.