СЕГА КАРИЕРАТА НА КЕЈН ЗАВИСИ ОД ДАНИЕЛ ЛЕВИ
Објавено на: 05.08.2023
Англискиот репрезентативец решил дека сака да го напушти Тотенхем и дека сака да се обиде да освојува титули со друга екипа, затоа што со „неговата“ едноставно не му оди и покрај огромните напори.

Хари Кејн (30) игра во Тотенхем од 2009-та година, на 317 натпревари има 213 гола. Атакува на рекордот најдобар стрелец во историјата на Премиерлигата, но изгледа поважни му се трофеите во кариерата.

Кејн ги договорил условите со Баерн Минхен за трансфер во Бундеслигата, по што останува директорот на клубот, Даниел Леви да реши дали ќе го продаде капитенот на лондонската екипа. Ќе дозволи?