Фудбал

ВТОРОЛИГАШИ И НЕДОКАЖАНИ ЌЕ ГО ВРАЌААТ РЕАЛ ВО ВИСОЧИНИТЕ?

Хозе Луис Мато Санмартин, познат и како Хоселу, е шпански професионален фудбалер кој игра како напаѓач за Реал Мадрид, како позајмен од претставникот во Сегунда дивизион, Еспањол.

Хоселу ја започна својата кариера во Селта од Виго, пред да биде купен од Реал Мадрид во летото 2009. Летово, беше објавено враќањето на овој играч, со можност за откуп на крајот на сезоната.

Првиот погодок на натпреварот, во победата од 2:0 против Манчестер Јунајтед на летната турнеја во САД, во Хјустон, го постигна Џуд Белингам. Дали е ова најава за пеколна сезона на Кралевите?