Фудбал

ИСВИРЕНА ВИОЛИНА, ИЛИ ШАМПИОНСКИ ПОГОН?

Иско е нов фудбалер на Бетис, играч кој беше голема желба на менаџерот Мануел Пелегрини кој има високо мислење за поранешниот ас на Реал Мадрид, член на генерацијата која освои многу трофеи.

Договорот е потпишан на една година, а Иско (31) беше достапен како слободен агент откако му истече соработката со Севиља, каде пристигна од Кралскиот клуб чиј член беше од 2013-та.

По лекарските прегледи, договорот треба и официјално да биде потпишан. Минатата сезона заврши неславно затоа што во Севиља не ги исполнил очекувањата. Ова е добар дил за Бетис, или?