РИМ ЌЕ ГОРИ, ИАКО КАПАЦИТЕТОТ НА ОЛИМПИКО Е ОГРАНИЧЕН?
Објавено на: 11.06.2021
Италијанската селекција, иако е технички гостин на отворањето на 16-то ЕП, ќе има бројна поддршка од домашната публика. Во 21:00 часот, на римската олимписка убавица, Италијанците ќе истрчаат против Турците.
Двете селекции, на континенталните собири се среќаваат по вторпат. Првиот меч заврши 2:1 за Италија, која има седум победи и три реми средби со Турција. Италија, воедно, има само еден пораз на 8 отворања на европските шампионати.
Турција, иако има четири порази на сите први мечеви на последните четири учества на ЕП, сепак се пласира во две нокаут фази, но воедно има постигнато и само еден гол во рамките на првите рунди, 2000-та токму против селекцијата на Италија.

Италија прима гол од Турција, на последните 5 меѓусебни средби. Последните две соочувања меѓу овие две репрезентации, завршија 1:1. Турскиот селектор беше голман во 1978-та кога Турција загуби 1:0 во Фиренца, Манчини никогаш на играл против Турците во неговите 36 настапи за Италија.
Ова ќе биде 10-то учество за Италија на ЕП, 7-мо по ред, а Турција има 5 учества. Аѕурите се далеку поуспешна нација, со една титула во 1968-та и две сребра, 2000-та и 2012-та. Турците имаат едно полуфинале, во 2008-та година.

Вака изгледаше народниот плоштад Пиаца дел Пополо во 2012-та, кога Италија славеше против Германија во 1/2 финалето. Како ќе изгледа вечерва?
Италијанците се непоразени во главниот град, на натпреварите одиграни во рамките на европските и на светските првенства. Судија на мечот е Дени Макели, од Холандија. Прашање е дали некој ќе може да ги задржи римјаните во домовите, кога нивните миленици се во престолнината?
