ДАЛИ СЛУШНАЛ ЧАВИ ЗА ПОГОВОРКАТА „СО СВОЈ КАМЕН ПО ГЛАВА“?
Објавено на: 24.05.2023
Омразата им го заматува умот на одредени личности до толку, што, на пример одредени навивачи на Партизан не јадат домати затоа што се црвени, која е бојата на најлутиот ривал Црвена звезда.
Во случајот на Чави, оди еден степен погоре. Колку и да не се поднесуваат ривалите, треба џентлменски да се заштитуваат на фудбалски план, со цел никому да не му се повторуваат немилите сцени.

По последните случувања со Винициус на Местаља, кога фановите му викаа мајмуне, а еден од противничките играчи го фати за врат во ММА стил, црвениот картон на Винициус е поништен од страна на Ла лига:
Мојот став за расизмот го знаете. Но, изненаден сум што Ла Лига го поништи црвениот картон, кој беше добиен поради напад на противнички фудбалер и нема никаква врска со случувањата на теренот. – изјави Каталонецот.
Би требало некој да го праша Чави дали навистина виде зошто Винициус доби црвен картон? Дали знае дека можеби некој негов играч со црна боја на кожата може да се најде во иста ситуација?