ОБВИНИТЕЛОТ БАРА -11 ПОЕНИ ЗА ЈУВЕНТУС
Објавено на: 22.05.2023
Како што најавуваат италијанските медиуми, на Јувентус „црно“ им се пишува во нивната потера по пласман во Лигата на шампионите наредна сезона.
Денес од 10:00 часот започна рочиштето кое беше закажано откако на Јувентус му беа вратени 15 поени пред неполни 2 месеци. Според Скај Италија, два извори од судницата потврдиле дека спортскиот обвинител бара 11 поени казна за Јувентус, поради неправилностите најдени во билансите на најтрофејниот италијански клуб во претходните сезони.
Доколку ова се случи, Јувентус ќе биде на 6 поени зад Милан, со натпревар помалку кој бјанконерите го играат вечерва, но и меѓусебен дуел наредниот викенд кој може да одлучи кој би одел во најквалитетното европско натпреварување наредна сезона.
Со таа казна, Јувентус ќе падне и зад Аталанта и зад Рома. Дали ќе се остварат предвидувањата, останува да видиме во следниот период.