Кошарка

ЗОШТО БЕШЕ ПРЕКИНАТ МЕЧОТ РЕАЛ-ПАРТИЗАН?

Бруталната тепачка на мечот меѓу Реал Мадрид и Партизан, втор во 1/4 финалната серија во Евролига од каде победниците ќе се пласираат на завршниот турнир, заврши со страшен епилог: Серхио Љуљ направи посилен фаул од вообичаеното, над Пантер. Играчот на Партизан му се закануваше со тупаници. Сето тоа набрзина ескалира во масовна пресметка секој против секого, на паркетот.

Пантер го удри Муса, Лесор од зад грб го фрли Муса на подот, Хезоња тргна во одбрана на Муса и се обиде да се пресмета со Пантер, Јабуселе кечерски го преврте Егзум и го закова за паркетот. Австралискиот кошаркар најверојатно претрпе повреда поради која може да му заврши кариерата.

Судиите ги исклучија сите актери во тепачката и немаше кој да го заврши мечот, затоа што за продолжение се потребни по најмалку двајца играчи на двете страни. Сите кои влетаа од клупата, автоматски се исклучуваат. Затоа што немаше кој да игра, мечот е регистриран со актуелниот резултат на 100 секунди до крајот – 80:95, по што Партизан води со 0:2 во 1/4 финалето.

Но, ова нема да заврши тука, или барем не би требало – треба да реагира канцеларијата на Евролига и да ги санкционира сторителите на прекршочни, па дури и на кривични дела во тепачката…