КОЈ ОСТАВА ПОГОЛЕМ ПЕЧАТ ВО АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ?
Објавено на: 26.04.2023
Екипата на Манчестер Сити се соочува со Арсенал и може да направи пресврт во актуелната сезона, со евентуална победа. Ако слават граѓаните, може да се надеваат на одбрана на титулата.
Освен тоа, победа може да им биде импулс и во битката за трофејот во Лигата на шампионите, кој го сонуваат уште од доаѓањето на шпанскиот стратег Пеп Гвардиола на клупата на сините.

Се уште се нема појавено доминантен тренер како Сер Алекс Фергусон кој царуваше со англиското фудбалско првенство предводејќи го Манчестер Јунајтед, но најблиску до него е токму Гвардиола.

Двете финалиња во ЛШ му припаднаа на Пеп со Барселона против Јунајтед, а со титулите кои ги освојува со Сити „се заканува“ и во Англија. Кој (ќе) остави поголем печат во Премиерлигата?