Фудбал

ВЕЧЕР КОПАЧКАТА ГО ДОБИВА СВОЈОТ ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТ

Во 20:00 часот во хотелот Александар Палас, ќе биде промовиран документарниот серијал за Дарко Панчев, најуспешниот македонски фудбалер на сите времиња. Сo екипата на Црвена звезда, во тогашна СФР Југославија, ги покори Европа и светот.

Стрелец на победничкиот гол од пенал во Бари, во рулетот по одиграните 0:0 против Марсеј, беше нашиот Дарко, кој постигна и еден од трите гола во убедливиот триумф со 3:0 против Коло Коло во финалето на светското клупско првенство.

„Патот на Кобра до ѕвездите“ е насловот на креацијата под генерално покровителство на Универзитетот за туризам и менаџмент, сега со ново име Универзитет Скопје, во организација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција.

Играше на СП, беше најдобар стрелец во елитните квалификации за ЕП, немаше шанса поради санкциите за заигра на континенталниот собир на кој Југославија беше предодредена да триумфира. Ги заслужи ли Дарко овие почести? Заслужи ли едно вакво филмско издание, кое ќе им покаже на младите генерации кој беше навистина Панчев?