ТРЧА КАКО МЛАДИЧ, ДОДАВА КАКО ЏЕЈСОН КИД, ЛОБУВА КАКО ПОБОРСКИ
Објавено на: 07.06.2021
За оние што пропуштија да го гледаат мечот во живо, или што подзаборавија како игра нашиот репрезентативен капитен и селектор, еве дел од неговиот арсенал на мечот со Монпеље, последната сериозна проверка пред претстојниот ФФ турнир во ЛШ (12-13 јуни).
Слушајте ги француските коментатори и се ќе ви биде јасно:
Головите на Кирил Лазаров се на:
01:05 – контра
01:22 – асистенција без гледање
01:55 – лоб мајсторија
03:30 – цепелин асистенција
04:37 – контра од мртов агол
06:15 – топка со очи
Имаше Кире уште неколку додавања за паметење, но неговите соиграчи не беа присебни и промашуваа во ударите кон голот. Сепак, сето тоа се заборава, се паметат само добрите потези во триумфот 36:26 во рамките на францускиот шампионат.